Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вечерва во Салонот два при Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата „Нова димензија во создавање 2“ од аворката Александра Димитрова. На настанот присуствуваа голем број граѓани кои го преполнија фоајето. Со музички точки се претставија Макарија Иванова и нејзината професорка Марија Лазарова од музичкото училиште „Ристо Јуруков“.
Според нејзиниот колега, Синиша Новески во делата на Димитрова се чувствува силна експресивност и виталност преку играта на ликовниот јазик.
Изложбата „Нова димензија во созадвање 2“ беше поддржана од Министерството за култура, Општина Кочани, како и Центрарот за култура „Бели мугри“. Проект е насловена и како патувачка изложба бидејќи истата, ќе биде поставена и во други градови низ нашата држава и пошироко. Заинтересираните граѓани може да ја погледнат до 12 октомври.