Радио Кочани
Кочани

И ВО КОЧАНИ ПАЃААТ КАКО КРУШКИ, ПАЦИЕНТИ БОЛНИ СО СЕЗОНСКИ СТОМАЧЕН ВИРУС…

3,180

Се зголемува  бројот кочанчани кои со болки во стомакот и дијареа деновиве се обратиле за помош кај матичните лекари, а некои биле препратени и на болничко лекување за инфузија.

Од Општата Болница во Кочани  потврдуваат дека овој период зголемен е напливот на пациенти со ентероколити во Инфектолошката амбуланта.

„Има повеќе пациенти со ентероколити и истото е очекувано за периодот, како и претходно во годините.  Зголемиот број на пациенти кои страдаат од ентероколитри и се лекуваат на Инфективното одделение е вообичаен за овој период“, велат од Општата Болница во Кочани.

Лекарите велат дека е зачестена пријавата на  пациенти кои се жалат на тегови во стомакот, течна столица, болки во желудник и црева, што кај нив трае два до три дена.

Д.Михајлов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio