Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани објави продажба на компактна бетонска трафостаница

248

На 29 август 2024 година, со почеток во 12 ч., Општина Кочани ќе реализира електронско јавно наддавање за продажба на компактна бетонска трафостаница.

Трафостаницата e со јачина од 800 kVA, произведена 2017 година и е со проценета вредност од 2.078.700 ден., согласно Извештај за процена на машини и опрема. Висината на банкарската гаранција за сериозност на понудата е 41.574 денари.

Заинтересираните може да побараат увид на предметот на продажба на наведената локација, по претходно закажување на тел. 072 275 605. Лице за контакт Венцо Бојков.

За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат пријава.

Целосната објава е на веб-страницата на Општина Кочани на линкот ОВДЕ.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе