Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Околу Пехчево повторни гори. Пламени јазици високи и до педесет метри се шират мошне брзо во планинскиот предел Буковик, на само три килемотри од градот. Изгорено е возило на пехчевските доброволци, неколку лица се на кислородна подршка, информираат граѓани вклучени во гаснењето.
Огнот е забележан во попладневните часови, по што пехчевци бргу се организирале. Стотина лица во моментов се вклучени во гаснењето. Пристигнал и еден хеликоптер кој се вклучил воборба со огнената стихија.
Лицата што ги контактиравме велат дека овој пожар е многу посилен од претходниот. Повикуваат на смиреност и самоиницијативно да не се оди кон огнот, за кој велат дека многу бргу се шири и е поопасен од оној од претходната недела.
Официјални информации од ЦУК и другите надлежни допрва следуваат…
Фотографиите се преземени од фб страницата ПЕХЧЕВСКО ЛОБИ