Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
КЈП ВОДОВОД – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА ВИСОКА ЗОНА – ЗАПАД
КЈП “Водовод” Кочани ја известува јавноста дека утре 07.08.2024 година (среда) ќе продолжи со завршни активностите за реконструкција на водоводна линија на улица “Гоце Делчев” во должина од 270 метри на пвц цевка со f200 од 16 бари пред тунелот кај градскиот пазар.
Градежните активности ќе се одвиваат од 07 часот до 15 часот
Улицата “Гоце Делчев” ќе биде со регулиран режим на движење поради изведувањето на градежните активности.
Водоснабдувањето кон корисниците ќе биде прекинато во среда на 07.08.2024 од 8:00 до 15:00 часот на следните места: ул.,, Коста Рацин”, ул.,,Ударничка”, ул.,,Питу Гули”, ул.,, Боро Ловџија”, ул.,,14-Бригада”, Лешко маало, Варница, Белско маало, Драчевик, Калиманова глава, згради Скопска и с. Бели.
КЈП “Водовод” – Кочани упатува апел до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот, а особено околу местата каде ќе се одвиваат градежни активности!
КЈП “Водовод” Кочани упатува извинување до граѓаните за потешкотиите со кои ќе се соочат поради исклучувањето од водоводната мрежа поради реконструкцијата и им благодари на разбирањето.