Радио Кочани
Кочани

До 5 јули 2024 г. трае рокот за поднесување пријава на штета од елементарна непогода (град) на земјоделско земјиште настаната на територијата на општина Кочани на 24 јуни 2024 година.

92

Граѓаните што имаат претрпено материјална штета на земјоделско земјиште на територијата на општина Кочани од невремето град, на 24.06.2024 година можат да поднесат писмена Пријава за настанатата штета до Општина Кочани со цел Комисијата за штети да излезе на увид на самото место и да ја констатира пријавената штета.

Образецот на Пријавата за штета може да се подигне од Eдношалтерската канцеларија во Oпштина Кочани, да се преземе од веб-страницата на Општина Кочани или граѓанинот може да поднесе своја Пријава за штета со потребните податоци за постапување по неа.

·         Кон пријавата задолжително да се треба да се приложат:

·         копија од лична карта

·         копија од трансакциска сметка

·         фотографии од настанатата штета (отпечатени на хартија)

·         фотокопија од имотен лист или фотокопија од договор за закуп.

·         Изјава за давање согласност за заштита на лините податоци.

Целосната објава е на линкот: https://kocani.gov.mk/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d1%81%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%88%d1%82/

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio