Радио Кочани
Кочани

На 23 јуни ќе се одржи првата ридско-планинска велосипедска тура „Манданата 2024“

202

В недела, на 23 јуни, Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани ќе ја реализира првата планинска велосипедска тура „Манданата 2024“.

Поаѓањето е од манастирот „Свети Илија“ во селото Бочвенец во 9:30 ч. Од стартот ќе се вози кон селото Крушка, по сртот на Качаник и Д’лги Дол. Потоа патеката се спушта во Бела Река, па се искачува кон селото Мишино, во чија близина велосипедистите ќе направат пауза и ќе му оддадат почит на познатиот илинденец Стефан Мандалов  Манданата, кој загинал на ова подрачје во 1903 година, а е познат по учеството во киднапирањето на Мис Стон. По паузата учесниците на турата ќе продолжат кон Ново Село, освежителна станица ќе им биде манастирот „Свети Симеон Столпник“, па покрај Бела Река ќе завршат на стартната позиција.

Настанот има цел да ги промовира достапните патеки за ридско-планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини, а се реализира со финансиска поддршка од Општина Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio