Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
По потпишаниот договор за Соработка и подршка во управувањето со посебните текови на отпад на ЕЛС помеѓу Општина Зрновци и Друштвото за управување со отпад „Елколект“, со донесена одлука за одредување на локација на улица “Авној”.
Таму се поставени контејнери за собирање и селектирање на електричен и електронски отпад , и помали садови за собирање на електричен отпад во Локалните институции на територија на Општина Зрновци!
Сите заедно, совесно и одговорно со собирање и правилно селектирање на отпадот можеме да придонесеме кон подобрување на животната средина и остварување на одржливи практики кои ќе имаат долготрајни и позитивни ефекти во нашата општина, стои во фб – објавата на градоначалникот, Борчо Коцев.