Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ИЗМАМНИЦИТЕ ,,ОПЕРИРААТ” И ВО КОЧАНИ И БАРААТ ЖРТВИ МЕЃУ ПОВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА
Денеска, во кочанската полиција е добиено известување од граѓани дека добиле повик на нивните фиксни телефони, од лица – измамници, кои тврделе дека член од нивното семејство направил сообраќајна несреќа. Им кажале дека е потребно да помогнат, да дадат поголема сума на пари. Лицата кои се измамени добиле повици на нивните домашни, фиксни телефони и се возрасни лица, пензионери. Се апелира на претпазливост и внимателност, да не се наседнува на повици од лица – измамници, кои се непознати. Потребно е секој ваков случај да се пријави во полиција.