Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани распиша оглас за организирање хепенинзи во Паркот на Револуцијата

373

Општина Кочани распиша оглас за организирање Велигденски и Петровденски хепенинг, по пат на јавно наддавање, настани што по повод празниците ќе се одржат во Паркот на Револуцијата, во периодот од 2 до 8 мај и од 8 до 14 јули 2024 година.

Комисијата за организирање на овие настани ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар, да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 21 март 2024 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 10 000 ден., со праг на наддавање од минимум 1 000 ден.

За да биде успешно јавното наддавање потребно е да учествуваат најмалку двајца учесници.

Општина Кочани ќе склучи договор со најповолниот понудувач, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.

Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди минимум пет монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна и пијалаци, сувенири, ракотворби и сл. Исто така, обврска на закупецот е да ги издава монтажно-демонтажните објекти и продажните штандови согласно законските прописи и да организира културно-забавни настани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе