Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Со завршената изградба на новиот Резервоар за водоснабдување од 60 кубика во Зрновци, во тек е зонирање на водоснабдувањето на домаќинствата на улица “Маршал Тито”, станбени згради кај м.в. “Хидроцентрала”, м.в. “Босилиградско” маало и м.в. “Марена”.
Со овие инвестиции на општина Зрновци во делот на водоснабдување се решава долгогодишни проблеми со постојана динамика и количество на вода за домаќинствата во горенаведените населени места и улици во општина Зрновци.
За таа цел се известуваат граѓаните на општина Зрновци кои живеат на улица “Маршал Тито” дека во текот на утрешните часови ќе бидат со краток прекин на водоснабдување.
Може ќе ви се допадне