Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Николовски од Кочани: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз !
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Кочани, каде остварија повеќе средби со земјоделците производители на ориз, добитници на мерката за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и набавка на сушари за ориз.
Ниту еден земјоделец не е оставен сам, низ годините сме докажале дека сме искрен партнер на сите земјоделци. Денеска министерот Николовски го посети Петре, оризопроизводител, добитник на комбајн за жнеење ориз.





И Петре и сите земјоделци знаат дека постојано сме на терен, ги слушаме нивните барања од кои креираме мерки што несомнено даваат резултатти истакна Николовски