Радио Кочани
Кочани

Николовски од Кочани: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз !

798
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Кочани, каде остварија повеќе средби со земјоделците производители на ориз, добитници на мерката за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и набавка на сушари за ориз.
Ниту еден земјоделец не е оставен сам, низ годините сме докажале дека сме искрен партнер на сите земјоделци. Денеска министерот Николовски го посети Петре, оризопроизводител, добитник на комбајн за жнеење ориз.
🟢Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка во модернизација на производството, при набавка на сушара или комбајн за жнеење.
🟢Оризот, нашето македонско бело злато го издигнавме во листата на стратешки важни култури за државата.
🟢300% се зголемени субвенциите за ориз, а оризопроизводителите на крајот на 2023 година авансно ја добија основната субвенција на своите сметки.
🟢Паметат оризопроизводителите и прават споредба, како е денес, а како беше во минатото кога оризовата арпа се откупуваше и за 17 денари, а денес изнесува од 38 до 40 денари по килограм.
И Петре и сите земјоделци знаат дека постојано сме на терен, ги слушаме нивните барања од кои креираме мерки што несомнено даваат резултатти истакна Николовски
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio