Радио Кочани
Кочани

„Билд“: Македонски државјанин претепан до смрт со пивско шише во Германија

1,025

На тепачката ѝ претходела вербална расправија, а откако го претепале 32-годишниот македонски државјанин, двајцата Еритрејци побегнале од местото и се упатиле кон главната железничка станица

Триесет и двегодишен македонски државјанин во саботата околу 2 часот по полноќ бил убиен во Есен, Германија, јави германскиот весник „Билд“. Мажот бил претепан до смрт од страна на двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години. Тие двајца, како што јави весникот, го тепале со пивско шише додека тој не колабирал.

На тепачката ѝ претходела вербална расправија, а откако го претепале, двајцата Еритрејци побегнале од местото и се упатиле кон главната железничка станица.

Случаен минувач се обидел да му даде прва помош и да го реанимира македонскиот државјанин, кој веќе бил во несвест, но било предоцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина кратко време подоцна од сериозните повреди“,

рече портпаролот на полицијата, јави германски „Билд“.

Обдукцијата на телото покажала дека причината за смртта е повреда од тап предмет.

Случајот го испитува Јавното обвинителство во Есен, но засега е нејасно која е причината за расправијата меѓу тројцата мажи.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе