Радио Кочани
Кочани

Дополнителната министерка за финансии, м-р Елена Петрова го посети Кочани

563

Дополнителната министерка за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, м-р Елена Петрова денеска беше во посета на компании од Источниот регион при што во Кочани одржа прес-конференција за медиумите.

На прес-конференцијата беа истакнати заложбите на министерството за креирање на политики и мерки за зголемување на продуктивноста на компаниите и нивна поддршка.

– Нашата заложба е да бидеме во отворен контакт со бизнис секторот за да може да креираме економски и даночни мерки и политики, монетарни мерки и мерки во делот на јавните финансии за инвестициски намени, со цел да обезбедиме поддршка на компаниите за да ја зголемат продуктивноста преку модернизација, техничко-технолошки иновации, енергетска ефикасност, зголемување на конкурентноста со излез на странските пазари. Само така ќе ја покренеме македонската економија и ќе обезбедиме одржлив економски раст што е визија на економската платформа на ВМРО-ДПМНЕ, истакна министерката Петрова.

Министерката додаде дека од почетокот на годината до 15 февруари во овој период Владата се задолжила со нови 315 милиони евра на домашниот пазар.

– Задолжувањето е поголемо за 281 милион евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во проценти тоа е зголемување околу 840%. Ова задолжување Владата го користеше во најголем дел за финансирање на буџетскиот дефицит што беше генериран во овој период, соопшти Петрова.

Министерката информираше дека Владата потрошла повеќе средства отколку што прибрала од даноци, придонеси и други приходи и со тоа е генериран буџетски дефицит од 208 милиони евра што е двојно поголем, за 101%  буџетскиот дефицит што беше создаден истиот период минатата година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе