Радио Кочани
Кочани

(видео) Свети Трифун во Драгобраште кај Драги Петров

1,490
Свети Трифун, заштитникот на лозарите, празник на виното, вчера беше одбележан и во близината на виничкото село Драгобраште, каде Драги Петров поседува површина од 12 хектари со лозови насади.

Лозјето, како што е обичајот, најпрвин беше закроено, а Петров за своите пријатели овозможи убаво дружење.
Со вино од неговата винарија, малку ракија и богата трпеза се чествуваше покровителот на лозарите.
Петров повеќе од петнаесет години е одгледувач на винова лоза, во 2021 година ја регистрирал својата винарија. Неговото вино е наградувано во Македонија и надвор од границите.
Смета дека виното  кај нас неоправдано се запоставува. Вели – лозарството и производството на вино  заслужуваат многу подобар третман !
Фотографиите ги направи Венцо Донев

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе