Радио Кочани
Кочани

Штрајк во ФЗО – Затворени врати за граѓаните и во Кочани

653

Граѓаните на кои им беа потребни услугите на Фондот за здравство се соочија со затворени врати.

Поради штрајкот во Фондот за здравствено осигурување кој почна овој понеделник, граѓаните нема да можат да добијат многу услуги. Вработените во подрачните единици ќе работат само за итни случаи. Револтот на вработените е голем и тие се подготвени да го продолжат штрајкот и по цена да не ги земат платите до крај што пак ќе биде на штета на граѓаните. Бараат платата што ја земале во декември да остане иста и да не им се намалува за 21 отсто како што препорача Владата, бидејќи над 500 вработени од 831 во целиот фонд ќе паднат под прагот на минималната плата во земјава.

Синдикатот на УПОЗ соопшти дека ниту еден вработен во здравствениот систем нема да зема јануарски плати. Запрени се сите активности за обработка на договорите за работа и на платите во јавното здравство. Стравуваат дека со промена на член во Управниот одбор ќе направат мнозинство за намалување на платите, но барањето е да се задржи истиот коефициент од 77,16 денари до крајот на оваа година.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе