Радио Кочани
Кочани

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот

1,100

Од ноќеска на полноќ цените на горивата се зголемуваат за еден и пол денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката, новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 од ноќеска ќе изнесува 79,50 денари за литар, литар еуросупер БС-98 ќе се продава за 81,50 денари, а цената на дизелот ќе изнесува 76,50 денари за литар.

За еден и пол денар од ноќеска на полноќ се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 76 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот, пак, ќе изнесува 41,439 денари за килограм.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio