Радио Кочани
Кочани

СЕ ИНСТАЛИРААТ ДВЕ ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ НА КРОВОТ НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ КАЈ С. МОЈАНЦИ

1,896
Со зголемена динамика се работи на инсталирање на двете фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на кровот на Пречистителната станица за отпадни води во с. Мојанци во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.
Вкупната вредност на проектот изнесува 447.872 евра, а грантот е во износ од 223.936 евра, односно 50% од вредноста на проектот. Останатите 50% се кофинасирање од Општина Кочани.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе