Ве известуваме дека Општина Виница, оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Спортси асови за 2023 година“.
Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2024година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање на кандидати за избор на:
• спортист,
• спортска екипа,
• тренер и
• спортски работник за 2023 година.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и екипи, од клубови со дејност спорт, кои се регистрирани во Општина Виница.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари), и фотокопија од клубската легитимација.
Рокот за пријавување е до 26 јануари 2024 година, а документите се доставуваат до Одделението за општи и јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Виница.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе