Радио Кочани
Кочани

(видео) Коледарски оган кај „Варница“ – Најсреќна Кристина Атанасова

977
Традиционално, вечерта пред Бадник, православните верниците кај нас палат бадникарски дрва.

Притоа се пеат песни, се игра и се пие греана ракија. На тој начин, се верува, дека се „бркаат“ лошите духови од земјата.
Бадникарскиот оган го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.
Коледарски оган синоќа имаше на улицата „Јордан Зафиров“ каде се собраа жителите од оваа и од соседната улица „Димитрија Лазаров“ во населбата „Варница“.
Според традицијата се делеше лепче со паричка. Најмногу среќа имаше Кристина Атанасова, така што кумството од семејството Досеви премина кај Атанасови.
Забавата на жителите од двете улици во населбата „Варница“ заврши со музика во живо…

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio