Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Рудник САСА продолжува со поддршката за одржливост на рибниот фонд на езерото Калиманци – Езерото порибено со околу 2000 килограми Крап
Благодарение натековнатафинансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување на езерото со околу 2000 килограми крап.
Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршканаменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.
Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите коиРудник САСАги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.