Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Повреден работник во Кочани при извршување работни задачи во приватна фирма
На 19.11.2023 во 09.50 часот во ОВР Кочани, од Итна медицинска помош Кочани пријавено дека во кругот на фабрика во Кочани, при извршување на работни задачи, со повреди се здобил З.Ј.(53) од Кочани. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип. Во координација со јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, инспектори за труд и работни односи.