Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Продолжува еден од најзначајните проекти на АТМ за грижата за своите вработени, кој овозможува бесплатно лекување во најсовремените клиники и здравствени установи во државата. Со осигурувањето кое ,,Амфенол” го плаќа за сите свои вработени, услугите во приватното здравство за нив се бесплатни. Сите вработени поседуваат картички за приватно здравство, а досега многумина го искористија бенефитот од лекувањето во најголемите клиники : ,,Систина” Клиниката ,,Жан Митрев” ,,Ремедика”… како и во приватни здравствени установи во Кочани и другите градови. Задоволството кај сите вработени е оправдано големо, дотолку повеќе што е општо позната состојбата во нашето здравство и тешкиот, но и многу често невозможен начин да се закаже термин за преглед и лекување и истото да се плати. Досега, откако вработените во АТМ имаат платено приватно здравство, реализирани се голем број прегледи, но и зафати, операции, породувања, во најрелевантните приватни клиники и здравствени установи. Наскоро ќе биде потпишан и новиот договор за продолжување на приватното здравство, за 2024 година, а освен вработените во АТМ, секој вработен под повластени услови ќе има можност да направи здравствена полиса и за членовите на неговото семејство. Целиот проект се реализира преку ,,Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп” а посредува ,,Наше осигурување” – Кочани. Вработените во ,,Амфенол” се најважни и грижата за нив и во иднина останува најголем приоритет за компанијата.