Работиме на темелна реконструкција на раскрсниците на најфреквентните улици во градот и санирање на ударните дупки. Во тек е гребење на асфалтот на раскрсницата на ул. „Партизанска“ и ул. „Крушевска Република“, веднаш штом целосно ќе се изврши гребење на асфалтот на повеќе локации во градот истите ќе се асфалтираат. Истовремено ќе извршиме асфалтирање и на дел од ул. „Кирил и Методиј“ и реконстукција на центарот во с.Истибања, информира градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков.
Во полн ек се градежните активности и за изградба на два современи кошаркарски терени и теретана на отворено, кои ќе бидат лоцирани до градскиот стадион на старите тениски терени.
Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња.
ПрифаќамПовеќе