Радио Кочани
Кочани

Над 80 единици крв беа обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во ОВР Кочани…

284

Над 80 единици крв беа обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во Koчани, на која крв даруваа претставниците на полицијата.
– Во организација на Црвен крст на Македонија, Општинска организација Кочани и Полициска станица во Кочани, во просториите на ОВР Кочани се спроведе доброволна крводарителска акција.
Вработените и овој пат како и во годините наназад, ја покажаа својата хуманост и солидарност кон болните и повредените, дарувајќи крв.
Акцијата ја изведe екипа од Институтот за трансфузиона медицина на Македонија- Скопје.

Д. Михајлов

 

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе