Радио Кочани
Кочани

Кон протестот против изградба на хидроцентралата на мала река од денеска се приклучија и археолозите и пчеларите…

1,992

Денеска освен  граѓаните  и еко активиститите  од Кочани  кон  протестот се приклучија  пчеларите и археолозите,  сите заедно  против изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река и против користењето на локалниот патен правец до браната Гратче. Со транспаренти и целосна  блокада на патот тие го изразија револтот што со градежните работи за хидроенергетскиот објект ќе се наруши биодиверзитетот во неговата околина, а од тешките товарни возила се уништува и патот до рекреативното подрачје во близина на градот.

По протестите  донесена е забрана за работа и градежни активности на хидроцентралата  во наредните 60 дена заедно со наредба да си го соберат шутот.

Протестите и блокирањето на патниот правец ќе продолжуваат и во Среда , сè додека не се стави забрана за користење на асфалтниот коловоз и додека повторно не се разгледа целокупната документација за изградба на минихидроцентралата.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе