Радио Кочани
Кочани

АПЕЛ ДО СОВЕТНИЦИТЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ: ДА СЕ СЛУШНЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

1,449

Почнувајќи од 25 септември 2023 година, Здружението на родители Родителски фронт започнa со собирање потписи за Петицијата “НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите на Општина Кочани”. Граѓаните покажаа совесност, самосвесност и силна одговорност, давајќи огромна поддршка на Петицијата. Граѓаните во голем број покажаа силна спротивставеност на родовата идеологија и индоктринација како зло кое ќе го смени целокупниот лик на нашето традиционално општество и ќе воспостави нови постулати на општествено живеење. И она што е најбитно, како зло надвиснува над животите на нашите деца, одземајќи го правото и обврската на родителите како единствени кои можат и смеат да одлучуваат за своите деца. Во знак на силна поддршка на примарната цел на РФ, во првите два часа се собраа 460 потписи, а за првите три дена 1000 потписи. Здружението ги достави до Советот на општината собраните над 3000 потписи како прилог на поднесениот предлог. Како што граѓаните на Општина Кочани се обединија на Фронтот за одбрана на своите деца, без разлика на нивната вероисповед, националност, партиска определба, аналогно на тоа очекуваме да се обединат и советниците во Советот на општина Кочани во името на доброто за нашите деца, едногласно да се обединат во разумноста, храброста и одговорноста. Советниците се избрани да ја претставуваат волјата на граѓаните, а граѓаните јасно кажаа дека се против родова идеологија во актите и документите во Општина Кочани и училиштата во Кочани. За своите одлуки, советниците се и морално одговорни пред своите граѓани. Оваа борба против родовата идеологија е надпартиска, надрелигиозна и надетничка, а најмногу човечка. Со поддршката на Петицијата која е всушност глас на народот, советниците ќе покажат дека сите сме единствени кога станува збор за заштита на семејството, како темелна вредност во Уставот на Македонија и нашите деца како најголемо богатство кое ќе го чуваме како капка роса. Почитувани советници, сега е Вашиот ред да застанете на Фронтот. Оставаме на Вашата совест и здраворазумност да донесете правилна, праведна и законита одлука за усогласување на актите и документите на Општина Кочани во согласност со постоечкиот Закон за еднакви можности на жените и мажите и целосно исфрлање на родови терминолошки изрази.

Со почит, Родителски Фронт

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе