Радио Кочани
Кочани

Библиотека „Искра“ – Ацо Шопов вечен поет во градот под Исарот

300

Денеска, 24 октомври (вторник), во 13 ч. и 30 м., во Месецот на книгата, во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, во ЈОУБ „Искра“ ќе се реализира проектот „Ацо Шопов – вечен поет во градот под Исарот“.

Проектот е подржан од Министерството за култура и  е организиран по повод 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. На настанот ќе говорат библиотекарите Соња Манева и Тодор Џидров, проф.д-р Јованка Денкова од УГД „Гоце Делчев“ – Штип, ќе биде претставена power point презентацја посветена на поетот, а ќе земаат учество и ученици од СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани со ментор проф. д-р Марија Соколова, кои ќе читаат стихови во чест на Ацо Шопов.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе