Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Вистинки помор на рибата во Кочанска река е забележан денеска на потегот од т.н. Машински мост до ресторанот АЛЕДАР. На Радио Кочани му се обратија жители од тој дел на градот алармирајќи на непријатна миризба и на мал водостој. Веднаш заминавме таму и погледнете што регистриравме со видео материјалот.
Го информираве СРЗЕК Кочански рибар, од каде следува реакција. Соодветна постапка се очекува и од Државниот инспекторат по животна средина, бидејќи вакво нешто станува редовна појава во Кочанска река.