Радио Кочани
Кочани

По повод 23 Октомври – делегации положија цвеќе на спомениците во Кочани

458

По повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, делегации од Општина Кочани, Советот на Општина Кочани, Сојузот на Здружението на борците од НОВ и партиски делегации од Кочани положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев, како и на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во Паркот на Револуцијата.

Во честитката по повод 130-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов истакна дека на овој историски ден им оддаваме почит на сите кои се бореа и ја поддржаа македонската револуционерна борба и се поклонуваме пред сите борци за слободна и самостојна Македонија.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе