Радио Кочани
Кочани

На Сатира фест во Белград – Највредната награда за Ѓорѓијоски, учествуваше и кочанецот Јане Атанасов

510
Четврток, 19.10.2023 во ,,,КОЛАРАЦ”, Белград,  на овогодинешниот САТИРА ФЕСТ, Миле Ѓорѓијоски, Делчево, Македонија, ја  доби наградата ВЕСНА ДЕНЧИЌ, за најдобра серија афоризми. За еден автор нема поголема награда од онаа зад која стојат еминентни сатиричари какви што се членовите на Уметничкиот совет на БАК Белград – вели Ѓорѓиоски.
Луѓето кои барем малку се инволвирани во сатирата добро знаат која големина од сатиричар е Весна Денчиќ и колку со својата работа, и со својата ,,ЕТНА” ја има задолжено српската сатира. Навистина е голема чест да се биде прв добитник на оваа престижна награда. Сега можам да кажам дека вредело што ,,потрошив” повеќе од четириесет години на сатирата. Запознав многу прекрасни луѓе, автори, места, добив многу престижни награди како ,,Златен круг”, ,,Радоје Домановиќ”, ,,Златна чивија”, ,,Гран при за кратки сатирични форми”, ,,Специјална награда за развој на сатирата”, Златни, Сребрени и Бронзени плакети на ИФАК Струмица…, нагласи Ѓорѓијоски.
На фестивалот имаше голем број  учесници од сите републики на некогашна Југославија а Македонија ја претставија: Јане Атанасов, Миле Ѓорѓијоски, Ацо Ѓорѓиев Вилазорски, Атанас Кралевски и Димитар Илиев.
Во пресрет на фестивалот, учесниците положија цвеќе на спомен-бистата на писателот Радоја Домановиќ кој се наоѓа на Калемегдан а во чест на 150 годишнината од неговото раѓање.
Инаку годинешниот фестивал беше посветен на шеесет годишнината од раѓањето на сатиричарката и главен уредник на електорнскиот портал „Етна“ Веса Денчиќ, а целиот фестивал беше под слоганот „Во друштво не се шепоти“.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio