Радио Кочани
Кочани

Честитка од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

437

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до сите граѓани, во која се вели:

Почитувани граѓани,

Славејќи ја 130-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои се бореа и ја поддржаа македонската револуционерна борба, се поклонуваме пред сите борци за слободна и самостојна независна Македонија.

Нивните идеали, пожртвуваност и самопрегор во името на слободата се поттик за континуирани заложби за подобра иднина на сегашните и на идните генерации.

Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!

Градоначалник на Општина Кочани,

Љупчо Папазов

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio