Радио Кочани
Кочани

Септемвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

2,163
Собрани 38 крвни единици на септемвриската крводарителска акција во Црвен крст Кочани
Во организација на Црвен крст – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна септемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 38 крводарител од кои 15 лица до 30 годишна возраст и двајца првократни крводарители. Акцијата е 14–та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе