Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Деновите на кочанскиот ориз , манифестација која нанижа веќе 32 изданија, годинава започнува на 29 септември и ќе трае до 1 октомври.
Општина Кочани како организатор предвиде низа содржини во текот на трите дена од манифестацијата. Посетителите ќе можат да присуствуваат на приказ на уличен театар, архитекстонска изложба во чест на Александар Гицов, ќе бидеат промовирани природните убавини и туристичките вредности на Општината, ќе има фолклорен концерт, ќе настапад диџеи, ќе биде покажано зажнејувањето на оризот и вршидбата на традиционален начин, ќе бидат промовирани повеќе книги, а се завршува на 1 октомври, недела со концерт наловен „Македонијо, во срце те носиме“.
Повеќе за ова од видео изјавите на граддоначалникот Љупчо Папазов, Ивана Карова Коцева, Аника Илијевска Горгиева и Кристина Атанасова Арсова: