Радио Кочани
Кочани

Изборот на жетварска убавица – електронски, со гласање на Фејсбук

1,037

Започна изборот на жетварска убавица за 2023 година, кој годинава првпат се реализира електронски, со гласање односно „допаѓање“ (like) на фотографиите на кандидатките објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани.

Во рокот за пријавување, за изборот на жетварска убавица се пријавиле 11 кандидатки, од кои само седум ги исполниле условите за учество.

Кандидатката што ќе добие најмногу „допаѓања“, ќе биде прогласена за жетварска убавица, на настанот со кој официјално ќе започне 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2023“. Според бројот на гласовите ќе бидат избрани и две придружнички на жетварската убавица.

Гласањето ќе трае до петок, 22 септември, до 13 ч.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе