Радио Кочани
Кочани

KЈП „ВОДОВОД“- Целосно нормализирање на состојбата во врска со дефектот во „Усова Чешма“ , се очекува утре во попладневните часови.

413
Поради настанат дефект на главен цевковод во населбата Усова Чешма делумно е прекинато водоснабдувањето во оваа населба. Без вода за пиење се улиците “Македонска” и “Искра” каде што е настанат дефектот, но проблеми со водоснабдувањето има и останатиот дел од населбата Усова Чешма.
Екипите на Сектор водовод и канализација работат на целосно отстранување на дефектот.
Целосно нормализирање на состојбата, а поради обемноста на дефектот се очекува утре во попладневните часови.
Бидејќи станува збор за сериозен и комплексен проблем, апелираме до граѓаните да имаат трпение и разбирање за настанатата ситуација.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе