Радио Кочани
Кочани

Во ОУ “Никола Карев” – Од понеделник уште една паралелка со продолжен престој…

1,084

Денес големо задоволство ни представува да Ве информираме дека од понеделник започнува со работа и втората паралелка на продолжен престој во нашето училиште,паралелка која одредивме да биде само за дечињата од прво одделение и според тие стандарди ја опремивме со нов инветар и едукативни и друштвени игри,телевизор,шкафчиња за дечињата и сл.Целта е да им посветиме поголемо внимание на нашите мили првачиња на полесен начин да ги совлаат темите кои ги изучуваат и со дополнителни работилници да ги развиваат своите можности.Првата паралека од продолжениот престој ќе биде наменета за учениците од (второ/трето)одделение.Како училиште ќе продолжиме да вложуваме во подобрување на условите за сите наши ученици.
🙋‍♀️#ООУ ,,Никола Карев”-Кочани#🙆‍♂

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе