Радио Кочани
Кочани

Фолклористите од Оризари и Зрновци на Меѓународниот фестивал „Истибањско Здравоживо – 2023“

541

Фолклорниот Ансамбл  „Љупчо Сантов“  од Оризари со играорните групи од Оризари и Зрновци денескa учествуваше на 38-от Мeѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо – 2023“.

Гала концертот  се одража на плоштадот Ангел Винички во Виница со почеток од 16:30 часот, а  Ансамблот од Оризари настапи со ората: На три пати и Шопчето.

Инаку ова е 50-ти настап и 20-то учество на фестивали и други културни манифестации во Македонија и странство за играорните групи од Оризари и Зрновци.

Д.Михајлов

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе