Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари успешно ја претставија Македонија на меѓународниот детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора

625

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал Коло Без Граница во Тиват, Црна Гора, како и минатата година и оваа година тие беа единствени претставници од Македонија.

Фолклористите  за време на фестивалот ги имаа следните активности:

– 24-ти август: дефиле и настап во Порто Монетенегро


– 25-ти август: прием кај градоначалникот на општина Тиват, учество на Игрите без граница, каде што победија и освоија пехар, засадување на дрво во паркот во Тиват, работилница со учење на црногорски ора.


– 26-ти август: крстарење со брод низ Бокакоторскиот залив, дефиле и гала вечер, слободното време за дружење кај збратимениот КУД Бијела од Бијела, Херџег Нови.


По завршувањето на гала концертот, доделувањето на благодарници и затворањето на фестивалот, Ансамблот имаше ноќевање во ски центарот Вучје, во близината на Никшич.
На 27-ми јуни заедно со пријателите од Никшиќ и Бијела, Херцег Нови, имаа крстарење и разгледување на Пивското езеро во Плужине,а во Плужине се потпишан и мемурандум за соработка (повелба за пријателство и збратимување) со Јавната Установа Образовен центар Плужине.


Во предвечерието на големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица го посетија и манастирот Св. Василиј Острошки на Острог.
Активностите на Ансамблот продолжуваат со учество на: – Фолклорн смотри 2023 – СОФАМ Источен регион на 10-ти септември.
– 38-то издание на МФФ Истибањско Здравоживо на 13-ти септември.
– од 21-ви до 24-ти септември на 7-от МФФ во Игало, Херцег Нови, Црна Гора.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе