Радио Кочани
Кочани

И пензионерите од Кочани бараат линеaрно зголемување на пензиите…

1,602

Пензионерите од Кочани им се приклучија на прилепските пензионери кои вчера спонтано се собраа на протест барајќи линеарно покачување на пензиите, а не процентуално од 6, 8 отсто како што најави Владата. Кочанските пензионери утринава дојдоа пред просториите на своето Здружение кај КЈП „Водовод“. Без исклучок сите се за линеарно покачување од најмалку 3 500 денари. Предлогот на Владата го сметаат за недостоинствен, велат ни малку нема да им ја подобри состојбата. Освен линеарно покачување на пензијата бараат и да се одради минимална пензија како што се дефинираше минимална плата. Во Кочани и соседните две општини : Зрновци и Чешиново – Облешево регистрирани се над 6 000 пензионери од кои барем половината земаат пензија помала од 15 000 денари. Со најавеното зголемување на пензиите од 6, 8 проценти, оние со ниски пензии ќе добијат по околу 700 денари, а оние со повисоки по околу 2 000 денари. Изјавата е од Благој Беќарски.

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе