Радио Кочани
Кочани

Затвореник oд Кочани се шетал со пиштол низ улиците на Штип…

3,426

Затвореник од Кочани, кој бил осуден на 18 години затворска казна, користел викенд отсуство и се шетал со пиштол и куршуми.

Полицијата го привела на булеварот Гоце Делчев во Штип со автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 милиметри.

Како што објавија од МВР, се работи за 51-годишен кочанчанец со иницијали В.И..

 

„Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство“, велат од МВР.

 

Најавуваат дека за случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе