Радио Кочани
Кочани

Претставници на УСАИД ја посетија Општина Виница

373

Претставниците на УСАИД, Марина Јандревска, специјалист за финансии на општини и Кристина Хаџи Василева, раководител на компонента за планирање и извршување на буџет, вчера ја посетија Општина Виница и граоначалникот Миле Петков.
При посетата се разговарало за досега спроведените активности во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, пред се за динамиката за подготовка на Планот за локален економски развој на Општина Виница за периодот 2023 -2026 година, како и за Бизнис информаторот кој во најскоро време ќе биде достапен на претставниците од приватниот сектор.
Од страна на претставниците на УСАИД беше презентирана Предлог – Процедурата за извршување на расходите од Буџетот на Општина Виница. Во наредниот период предлог- процедурата ќе биде разгледана и прилагодена на условите во Општина Виница и истата ќе биде јавно објавена на веб страната на Општината.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе