Радио Кочани
Кочани

Започна Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2023

297

Со натпреварот меѓу екипите на „Шери казино“ и „Магни фициент“ што се одигра на теренот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започна овогодишното издание на

Петровденскиот турнир во мал фудбал.Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој во обраќањето пред учесниците и публиката ја истакна важноста на спортското активирање и негувањето на спортскиот дух кај граѓаните на Кочани. Повика натпреварите да се одиграат во пријателска и фер атмосфера и да победи најдобриот.

Првиот натпревар заврши со убедлива победа на „Шери казино“ против „Магни фициент“ со резултат 10 : 0.

На 29 јуни, со почеток од 19 ч. ќе играат екипите на „Џинџер бар“ и „Рели“, а во 20 ч. – „Але-дар“ и „Ефремови“. Доколку временските услови се неповолни, натпреварите ќе се играат во спортската сала „Никола Карев“.

Петровденскиот турнир во мал фудбал е дел од содржините со кои Општина Кочани го одбележува празникот на Кочани, Петровден. Турнирот е во организација на ОФС – Кочани.

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе