Радио Кочани
Кочани

Реализирани повеќе проекти во ОУ „Раде Кратовче“

1,518

Со поднесени барања од страна на наставничката  Ана Симонова во ОУ „Раде Кратовче“ донирани се 30 компјутери и 8 телевизори , реновирани се делови од канцеларија која опфаќа обелување на просторијата ,заштитни фолии, посебно катче за работа на наставниците и нова кујна.

 

Проектот е реализиран со донации од општествено одговорни фирми , а Кредисимо целосно ги има покриено финансиските трошоци околу библиотеката.

  • Моментално сме на последниот чекор од поднесен проект за промена на кровна конструкција исто од мене поднесено и истерано до самиот крај. Како следен проект се тоалетите , сензорна соба како и активација и уредување на еко клубот во училиштето.

 

Библиотеката е целосно реновирана со сосема нов лик и е ставена на располагање на учениците и наставниците .

Благодарност за големата поддршка од учениците и вработените како и од целосната доверба од директорот на училиштето, самостојно да можам да остварам вакви големи проекти кои се од  суштинско значење за училиштето.

За крај, би сакала да кажам дека се надеваме дека ќе се исполни  и нашата  желба за изградба на балон сала, која силно ја посакуваме за добробит, едукација и пред се здравствени придобивки на нашите ученици а потоа и на сите жители на Кочани и околината кои го сакаат и негуваат спортот,  изјави за Радио Кочани наставничката Ана Симонова.

 

Д.Михајлов

 

 

 

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе