Радио Кочани
Кочани

Тимот „MakBot Pioneers“ подготвени  за светското првенство по роботика во Маракеш-Мароко.

419

Тимот „MakBot Pioneers“ подготвени  за светското првенство по роботика ,кое од 18-21 Мај ,ќе се одржи во Маракеш-Мароко.

Од СОУ „ Гошо Викентиев„ изразија голема благодарност до сите оние кои допринесоа да се реализира ова патување и да се оствари еден детски сон – да се застане рамо до рамо со натпреварувачи од цел свет , да се прифати овој предизвик да се покаже упорност, способност , знаење и амбиција.

 

Посебна благодарност до Општина Кочани за нивната финансиска поддршка и до сите фирми кои ни излегоа во пресрет и помогнаа да се соберат средства за овој натпревар.

Голема благодарност и до сите наши сограѓани кои исто така донираа и несебично се заложија и дадоа свој придонес и веруваа во нас.

Радио Кочани на тимот „MakBot Pioneers“ од СОУ „Гошо Викентиев“ му посакува многу среќа и успех на натпреварот и ќе се обиде да ве информира за случувањата во Мароко.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе