Радио Кочани
Кочани

Виничанка загина во судир на мотор и „Спарк“ кај Радовиш

11,521

На 13.05.2023 околу 18.30 часот на магистралниот пат A4 Струмица-Радовиш кај село Владевци, се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шевролет спарк” управувано од В.Т. (18) од струмичко Сушево и мотоцикл „Kавасаки” што го управувал С.К.(58) од Кочани.

На местото на несреќата починала сопатничката на мотоциклот Р.К.(44) од виничкото село Градец, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Мотоциклистот С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар-Струмица.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе