Радио Кочани
Кочани

Во ОУ „Никола Карев“ – Ќе се отвори ВИКИ клуб

1,356

Денес, 10.03.2023 година во 11:30 часот во просториите на училишната библиотека во ООУ „Никола Карев“ ќе биде отворен ВИКИ клуб и ќе се одржи обука за збогатување на Википедија на македонски јазик. Обуката и формирањето на клубот е во реализација на ГЛАМ Македонија (непрофитно, невладино и непартиско здружение, чија главна цел е прибирање, умножување и споделување на слободни содржини, исклучиво на непрофитен начин, како и промоција на идејата дека сите луѓе треба да имаат еднаков пристап до знаењето и образованието.), стои во соопштението од ОУ „Никола Карев“ потпишано од Љупка Стоименова, професор по македонски јазик.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе