Радио Кочани
Кочани

Виница ги враќа Тодоровите трки

290

После 3 години пауза поради пандемијата со корона вирусот, оваа година ќе ја продолжиме една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во Виница.
Согласно календарскиот датум оваа децениска манифестација е поврзана со одбележувањето на верскиот празник Тодорова сабота и оваа година Тодоровите трки ќе се оддржат во сабота на 4-ти март на Градскиот стадион во Виница, најавува преку своја објава на фејсбук градоначалникот, Миле Петков.
25 дисциплини на кои очекуваме голем број на учесници од детската градинка „Гоце Делчев“, основните училишта „Гоце Делчев“, „Славчо Стојменски“, „Никола Парапунов“ и „Кочо Рацин“, средното училиште „Ванчо Прке“, пензионерите од „Златно доба“, како и сите граѓани на Општина Виница без разлика на возраста.
За првите три места во секоја дисциплина ќе има обезбедено награди од Општина Виница и приватните компании кои се традиционални поддржувачи на овој настан, информираат од Општината.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе