Радио Кочани
Кочани

Виница – Ќе се реконструира Сината сала во Домот на култура

209

Распишан е оглас за јавна набавка за Реконструкција на Сината сала при Дом на култура „Тошо Арсов“-Виница. Овој проект е дел од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година на Источен плански регион, информираат од Општина Виница.
Проектот со кој ќе се изврши целосна реконструкција на Сината сала и со која ќе биде опфатен нов систем на вентилација, ладење и греење, замена на столаријата и санитарните чворови, како и осветлување и озвучување на истата, треба целосно да заврши до 15.09.2023 година.
Проценетата вредност на овој проект е во износ од 11.774.025 денари без вклучен ДДВ, од кои Општина Виница ќе учествува со 10%.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе